Многу производи и услуги од утре во Грција ќе бидат поскапи бидејќи ДДВ-то се искачи од 13 на 23 отсто.
Ова е последица на договорот на Грција со кредиторите од Еврозоната, а за спас на земјата од економскиот колапс.
Како што јавија грчките медиуми, поскапуваат услугите во хотелите, во рестораните, потоа услугите во јавниот превоз, превозот со такси возилата, а нови и покачени цени ќе има и на услугите во авионскиот и бродскиот превоз. Промени на цените нема да има на најголем дел од прехрамбените производи, комуналните услуги, како и во цените на социјалните и погребалните услуги.
Зголемување на ДДВ -то е една од мерките од пакетот кој деновиве беше изгласан од грчките пратеници како услов земјата да добие финансиска помош од 86 милијарди евра.