Турција го блокира Твитер неколку часа откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе го затвори во пресрет на изборите, а повод е што на таа социјална мрежа беа објавени аудиоснимки што наводно ја прикажуваат неговата и корумпираноста на неговите соработници, пренесува телевизијата РТ.
Непосредно пред полноќ, пристапот до социјалната мрежа е блокиран.
На мета сега е и Фејсбук, а Ердоган тоа го најави уште поодамна кога на фејс се појавија повеќе снимки на кои наводно Ердоган му дава инструкции на својот син како да скрие десетици милиони евра кеш во куќата. Ердоган повеќето снимки ги отфрли како „грди фалсификати“.
За да го спречи бранот откривања информации, Туриција минатиот месец донесе нов закон, кој овозможува веб-сајтовите да бидат укинати без судски налог, врз основа на пријавено „прекршување на приватноста“.