Голема турска компанија откупи голем дел од најголемото пристаниште во Атнина, со што грците ќе мора да се надеваат дека турскиот газда ќе ја подоправи економијата и редовно ќе исплаќа плати.
Имено турскиот холдинг Догус купи 50 отсто од акциите во Флисвос пристаништето. Сопственици остануваат и Ламда кои и досега стопанисуваа со пристаништето, но поради финансиската криза беа приудени да бараат партнер и да продадат дел од акциите.
Двете компании формирале и една заедничка фирма. Нема информации колку Догус Холдингот го чинело да влезе во еден од најголемите бизниси во срцето на Грција.