Турците први, Македонците петти по број странски работници во Албанија


Во периодот 2011-2014 година турските државјани се најбројни странски работници во Албанија. Пресметано во проценти тие се 52 отсто од странците кои се здобиле со дозвола за престој и работа во Албанија, по што следуваат кинеските, канадските, косовските, македонските, индиските и српските државјани.

Во студијата изработена од „Опен Дата Албанија“ содржани се податоци за тоа колку и од каде се пристигнати странски државјани за работа,или како што стои „приливот на емигранти во разни сектори во период од три години“.gradeznici - rabota

Според оваа судија во споменатиот период во земјата документ за престој и работи обезбедиле 2.504 странски граѓани, при што дури 1.068 се турски, 246 кинески, 164 косовски, 82 канадски, по 62 макдонски и индиски и 41 српски државјанин. Дозвола за работа тие добиле од страна на националната служба за работа, од каде потврдуваат дека има и државјани на Египет,Филипини и Русија.

Најголем процент од нив се ангажирани во градежништвото, 594 лица, потоа во секорот услуги 288 и исто толкав број во трговија, додека најмалку или 103 странци се ангажирани во секторот здравство.

Во перидоот 2011/2014 најмногу странци за да работат во Албанија приситгнале во 2012 или 2.499, од кои 2.199 како претприемачи, 25 инвеститори, останатите работнци во повеќе сектори. Во следните две години, 2013 и 2014 бројот на странските работници видно се намалил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1