Тужби од родители на деца родени 2008 ја блокираа Гинекологија


Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) од понеделникот е со блокирана сметка за 410.000 евра, пишува „Плус Инфо“

Блокадата доаѓа по тужби на родители на деца родени во 2008 година кои останале слепи бидејќи се задоцнило со дијагностицирање на ретинопатија. Во тој период не постоел протокол за посета односно програма за соработка на Клиниката со очен лекар кој требало да доаѓа и да ја дијагностицира состојбата со новороденчињата.

„Станува збор за оштетувања на видот кај новороденчиња родени со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост. Дојдена е извршна пресуда од 40.974.561 денари (околу 666.000 евра), сума на процеси од пред 10 години која сега би требало одеднаш да се плати“ соопштија од клиниката.

Од ГАК се децидни дека нема никаква поврзаност на блокадата и на донаторската кампања која е започната минатата година.

„Потенцираме дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема, опрема која или застарела од изминатите 10 и повеќе години или опрема која не сме ја поседувале. ГАК во моментот располага со доволно ресурси за нормално функционирање и во најкус можен рок ќе ја надмине новонастанатата состојба“, потенцираат од клиниката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1