ТВ програма која што ја водат забрадени жени (Видео)


Во Египет почнала да работи првата ТВ станица на која исклучиво работат ,,забрадени,, жени – со вел преку целото лице, така што можат да им се видат само очите.

ТВ каналот Марија, прв од овој вид во светот, стартуваше на муслиманскиот празник Рамазан, а додека не најде доволно средства за самојстојно работење, ќе се емитува по четири часа дневно, на приватниот канал Ал-Ома, кој може да се гледа по целиот Блиски исток.
Целосниот персонал волонтира и обврзувачки носи шамии, темна ткаенина, која го покрива целото лице. На снимката која е поставена на сајтот на ЦНН, може да се види потполно забрадени жени како читаат вести и управуваат со ТВ камерите.


Секоја од нив носи кожни ракавици. Им се гледаат само очите. Повремено ќе влезе директорот Ал-Оме, Ислам Абдалах, кој може да се види на снимката како ја советува една од волонтерките во ТВ Марија, во врска со користењето на ТВ камерите.
Хеба Серак-Един, која се вработила на ТВ Марија како режисер и камерман, зборува на снимката, за залудните начини да пронајде работа, и како работодавачите ја одбивале само затоа што носела шамија.

„Им велев дека никогаш нема да се појавам пред камера и дека мојот вел никогаш нема да го тргнам“, изјави Сераг-Един, оценувајќи дека ТВ мрежата го отфра секој концепт да се носи шамија на работното место.
Спред нејзините зборови, ТВ Марија конечно е место каде што жените со шамии не се маргинализирани и каде што за нив може да се збори без дискриминација.

На државните универзитети е забрането да се носи шамија за време на испит, што беше предмет на бројни судски спорови. Се тврди дека и пазарот на труд не им е наклонет на жените кои што носат велови.
Директорката на ТВ Марија, Ала Абдалах, вели дека целиот нејзин тим кој што работи во телевизијата веќе се докажал дека може да се носи со ваквата работа.

„Се обидуваме да создадеме подобро општество по земјотресот кој што се случи на 25 јануари 2011 година“, изјавила Ала Абдалах и оценила дека египетските интелектуалци треба да го поддржат нејзиното право да го искаже својот став и нејзиното настојување за еден маргинализован дел од друштвото да добие глас.

Критичарите на ТВ Марија тврдат дека овој канал претставува целосен пресврт во однос на целите на „Арапската пролет“. Некој велат дека без оглед на тоа што станува збор за реторика за женските права, тука навистина се работи само за реторика и ништо повеќе.
Ала Абдалах вели дека е заговорник на слободата на слободното истражување „се додека (таа слобода) не се однесува непријателски кон исламот“.

Според нејзините зборови „сексуалните и либералните“ канали се „деструктивни“ и смислени да ја промовираат идејата која би можела да го преобликува општеството.
Абу Ислам Абдалах, сопственикот на ТВ каналот Ал-Ома и таткото на Але Абдалах, е уверен дека ТВ Марија придонесува за рамнотежа и дека ќе се бори против „расистичките односи“ кон жените кои носат велови.
Ал-Ома на арапски означува нација, и на неа постојано се говори против ширењето на христијанството во Египет, но на ТВ Марија се зборува многу малку за тоа. И самиот канал е именуван по жената за која се верува дека била христијанка и жена на пророкот Мухамед.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1