Сакаме да играме со луди луѓе за кошарка како Македонците – вака нема конкуренција – Американците ја сакаат Македонија на Олимпијада


Американските спортски новинари биле имресионирани од фантастичната прослава и дочекот на македонските кошаркари на плоштадот Македонија, па преку своите текстови, сугерираат до Меѓународниот олимписки комитет да се зголеми бројот на учесници за наредните олимписки игри.

Уште поимресионирани останале и од прославата пред споменикот Воинот на коњ, кога најдобрата македонска кошаркарска репрезентација ја совлада Литванија во четвртфиналето.
Американците посакуваат во Игрите да учествуваат репрезентации, кои што како што не нарекуваат во текстовите, луди луѓе за кошарката, со цел истите да имаат поголема и поквалитетна конкуренција. Најпрвин ФИБА побара да се зголемат бројот на учесници на Оимпијадата, но од страна на Олимпискиот комитет ваквото барање беше отфрлено.

Еве што предлагаат американските олимписки новинари: Да се зголеми бројот на 24 земји учесници. Ќе има по четири групи со по шест земји. Првите две од секоја група ќе се борат за четвртфинале, а понатаму форматот на натпреварување ќе биде идентичен како и досега.

Ваквото барање на Американците покрај засенетоста од македонската прослава за освоеното епско четврто место на Европското првенство во Литванија, го гледаат и во сегашниот недостиг на квалитет меѓу репрезентациите. Имено Најдобрите 10 европски тимови се подобри од претставниците на Азија- Океанија и Африка.

За сегашното здодевна Олимпијада како што сега ја нарекуваат американските новинари одличен е примерот со учесници земји од Африка. Нигерија и покрај тоа што не го освои африканскиот шампионат, на ова натпреварување стигна благодарение на вајлд карта (нешто според кое што за нив не е правилен начин за учество на ОИ), а сепак истата селекција на стартот оствари победа против африканскиот шампион Тунис.

Очигледно како што пишуваат Американците за да се промени мислењето на Олимпискиот комитет за ваквата идеја ќе биде потребно да се случи катастрофа, како на пример тимот на Америка да не се пласира на ваквиот турнир.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1