Борба за бебе – ако не забремените за 1 год, одма кај гинеколог


Стручњаите советуваат, доколку не можете да забремените во рок од една година а имате незаштитен однос и постојано пробувате, правец-гинеколог.

Ако имате желба за свое дете, да си го прегрнете бебето, сте пробале разни процедури, а никако не оди, верувајте не сте сами. Се’ повеќе жени се соочуваат со неплодност, а причините за тоа се многубројни.

Можат да бидат вродени, може да се работи за недостатоци во анатомијата и физиологијата на гениталиите, причина се и многу инфекции, лечење од други болести, психата…

Сепак, за среќа живееме во време во кое постои вонтелесно оплодување кое досега усреќи многу жени и ги направи горди мајки.

Проф.др.Александар Љубиќ, директор на Клиниката за акушерство и гинекологија КЦС во Вишеградска,  смета дека токму инфертилитетот е виновен за неможноста да се остане во блажена сосотојба.

Тој нагласил дека неплодноста е присутна и кај жените кои имаат редовен менстуален циклус.

Љубиќ семата дека за неплодноста на една двојка, во 30 отсто случаи  битни се и  машкиот и женскиот фактор, додека пак кај 10 проценти од случаите, причината е непозната.

Затоа, најважно е да се испитаат двајцата партнери.

Потеклото на неплодноста кај жената може да биде од анатомска, ендокринолошка, инфективна, имунолошка, невролошка, психогена, јадрогена природа, но причината може да биде и апслоутно непозната.

Исто така голема пречка може да бидат гојазноста и неуредниот и брз начин на живеење..

Како што вели Љубиќ, со оглед на современите услови за живот, желбата на жените за афирмација и едукација, економската сигурност, се појави тренд на формирање на семејства по подоцнежните години.

Кај жените, физиолошкото намалување на плодноста почнува по 35-та година на животот, а по 40-та се намалува уште повеќе. Кај жените постари од 40 години, циклусот наместо 12 пати годишно, се намалува на шест

Во последните 20 години, времето за раѓање на првото дете од 25-та година се помести на 30-та.

Докторот Љубиќ објаснува дека методот на вонтелесно оплодување упатува на фактот дека кај многу парови веќе не е последен чекор, туку прв и дека на клиниката во која што работи тој,  речиси 40 отсто од пациентките кои се подложени на оваа програма затруднуваат.

Share Button

Tags: , , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1