,,У свету постоји једно царство у њему царује другарство,, – Дачиќ во Македонија


Дачиќ: Србија и Македонија другарчиња

,,Србија е најголем пријател на Македонија и сакаме така да остане,, – изјави премиерот Дачиќ во Скопје.

Српскиот премиер Дачиќ, кој беше гостин на вечерашното одбележување на Свети Сава во Скопје, му се заблагодари на премиерот Груевски што присуствуваше на свеченоста.

dacic grujo– Овде во Македонија сакам многу јасно да кажам. Основната христијанска порака е љуби го ближниот свој. Ние немаме поблиски од Србите, Македонците и останатите народи на просторот на поранешна Југославија. Можеби во минатото сме имале и во сегашноста имаме отворени прашања, но ако погледнете во каков свет живееме, сигурен сум дека никаде не постои повеќе разбирање за меѓусебните проблеми. Затоа уште еднаш ги уверувам сите во Македонија кои можеби имаат некакви поинакви погледи или некои сомнежи, Србија не само што нема некакви претензии на Македонија ниту на нејзиниот територијален итегритет, суверенитет и на националниот идентитет, напротив ние сакаме да продолжиме да бидеме најдобри пријатели на македонскиот народ и на Македонија, истакна српскиот премиер.

Република Србија, рече тој, е подготвена заедно со сите соседи, а посебно со Македонија да работи на остварување на европската визија преку регионална соработка и размена на искуства во сите области.

dacic 33

– Односот на меѓународниот фактор кон нашиот народ, во непосредното минато не беше во согласност со нашите национални и државни интереси, посебно кон нашиот народ на Косово и Метохија. Сметаме дека сите отворени прашања во регионот треба да се решаваат по мирен пат и со мирни средства, со дијалог, со договор, онака како што Свети Сава ги смирувал скараните браќа, истакна Дачиќ.

На Светосавската академија во Скопје присуствуваа министри од двете влади, пратениците од македонскиот и српскиот парламент, претставници на дипломатскиот кор и многу Срби кои живеат и работат во Македонија.

Пред пет години Владата на Република Македонија предложи, а Собранието го усвои предлогот 27 јануари, денот на Свети Сава, да биде национален прзник на српската етничка заедница во Република Македонија.

– Унапредувањето и надградувањето на меѓусебните односи нека биде наша водилка која ќе се пренесе како непроценливо наследно богатство за сегашните и идни генерации. Нашата меѓусебна почит и вреднување, нашата соработка и врските кои постоеле помеѓу македонскиот и српскиот народ од секогаш се нашата предност која посветено треба да ја развиваме и која има сериозен придонес во изградбата на подобра иднина за нашите народи, за нашата држава на целиот регион, истакна премиерот Груевски на свеченоста што се одржа по повод националниот празник на Србите во Македонија.

Македонскиот премиер Груевски ги повтори определбите на Владата за понатамошно унпаредување на интеграцијата на Србите во македонското општество и за зајакнување на институционалните можности за понатамошно негување и унапредување на нивните интереси и културни особености.

– Сите заедно ќе продолжиме да работиме на понатамошно зајакнување на политичките и економските соработки со Република Србија, рече тој.

Фото – Миа

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1