Уапсен Албанец кој имал 30 идентитети


Полицијата во Шпанија успеала да го уапси албанскиот државјанин кој повеќе години успевал да и избега на полицијата. Успешно избегнувал апсење затоа што имал дури 30 различни идентитети.

albanec 30 identiteta32 годишниот Илир Цени, бил уапсен во Марабела, Шпанија откако при верификација на идентитетот констатирала дека станува збор за фалсификувани документи, јави дописникот на МИА од Тирана.

Откако му биле земени отисоци од прстите, шпанската полиција открила дека станува збор за лице барано со меѓународна потерница, издадена од белгиската полиција, избегано од затвор во 2011 година.

Полицијата на Белгија соопштила дека Цени бил на издржување на затворска казна за разни кривични дела но успеал да избега од затворот во Термонде. Недозволена трговија со дрога, луксузни автомобили, тепачки со нанесување тешки телесни повреди, биле обвиненијата за кои тој бил осуден.

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1