СВР Скопје-ЕНТДО, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Б.Т. (32) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
За делото кое е предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.
Пријавениот во текот на минатата година од Република Романија каде работел како диџеј, за сума од 500 евра набавил 100 парчиња синтетичка халуциногена дрога ЛСД, во форма на картонски перфорирана сликовница со апликации “Човек на точак 1943“ и “Алберт Хофман“. Така набавената синтетичка дрога, Б.Т. нелегално ја внел во Република Македонија и ја чувал во својот дом за натамошна препродажба.
ЕНТДО-СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавениот се занимава со недозволена трговија, превзеде интензивни оперативно тактички мерки и активности, за документирање на кривично правниот настан. Постапувајќи по добиените сознанија, на 09 овој месец со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес во домот на Б.Т. при што се пронајдени 60 хартиени маркици синтетичка дрога ЛСД и други непознати растителни и прашкасти материи, кои се предадени за вештачење.