Уапсен директор и 2 колешки од болницата во Охрид – за криминал од 122.000 евра


Јавното обвинителство извести дека започната е истрага за три лица вработени во ЈЗУ Здравствен дом Охрид кои ја оштетиле оваа здравствена организација за 7,5 милиони денари или околу 122.000 евра.

Бидејќи биле исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судија на предходна постапка од Основниот суд во Охрид поднел и предлог за притвор за двајца од осомничените, а за еден од осомничените е изречена мерка куќен притвор.apsenje lisici policija

Според Управата за финансиска полиција, тројцата вработени од 2010 до пред некој ден не уплаќале дел од парите кои ги плаќале граѓаните за здравствени услуги.

Една од сега притворените, по добиена усна наредба од директорот на Здравствениот дом, во континутет, започнувајќи од 2010 година изготвувала фалсификувани завршни сметки кои потоа со потпис на директорот се поднесенувани до Централниот регистар на Република Македонија.

Нејзината колешка пак, речиси секој ден по пребројување на дневниот промет, телефонски го известувала директорот за износот на вкупниот дневен промет, по што добивала задача колкав дел од прометот да го уплати на банкарската сметка на Здравствениот дом, а остатокот од дневниот промет без потпишување на документ за примопредавање му го давала лично на рака на директорот, кој парите од пациентите си ги користел за лични потреби.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1