Уапсен српски полицаец што „барал дрога“ во гаќичките на девојките


Полицаецот од Белград кој ги терал девојките да ги соблечат гаќите за да провери дали кријат дрога, денеска беше уапсен по повеќедневна заседа.

Полицијата ги објави само иницијалите од името на полицаецот М.М кој имал 27 години.

Тој патролирал по улиците на Белград, се претставувал како инспектор во оделот за сузбивање на наркоманијаи ги терал девојките да се соблечат речиси голи поради претрес. Девојките најчесто биле сами, но се случувало да прави претрес на повеќе лица кои се возеле во автомобилот.

Пред да ги претресува, тој им се извинувал на девојките дека тој мора да го изврши овој чин и се правдал дека неговата колешка заминала некаде на кратко.

„Барам девојка која е осомничена за продажба на дрога. До пред малку се обидувавме да ја фатиме и уапсиме, но успеа да ни’ побегне. Вие многу потсетувате на неа. Имам налог и морам итно да ве претресам. Еве јас не мора да ве допирам, сами соблечете се“, им велел полицаецот –манијак на девојките кои ги сопирал за претрес.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1