Еден од најпознатите индиски тајкуни Субрата Рој во петок е уапсен во Лакнау, главниот град на индиската држава Утар Прадеш. BBC пренесува дека бизнисменот сам и се предал на полицијата.
Како што јавува BBC, во четврток Врховниот суд на Индија издаде налог за апсење на Субрата откако претходно тој одби да се појави на суд под обвинение дека неговата компанијата Сахара Индија не им вратила на инвеститорите милијарди долари.
Адвокатите го оправдале отсуството на Субрата на судењето во средата со тешката здравствена состојба на неговата мајка. Тој наводно допатувал во Њу Делхи за да се појави на рочиштето, но морал итно да се врати во болницата во Лакнау затоа што добил вести дека здравјето на неговата мајка се влошува.