Болно момче го планираше својот погреб, а потоа се случи чудо


Тинејџерот Дерин Блеквел (14) мислел дека не му останало уште многу да живее. Покрај леукемијата, се борел и со уште еден редок вид на рак. Минатиот декември, зборуваше дека има само уште неколку денови живот. Почнал да го планира својот сопствен погреб.

Сакал да биде спроведен со истото возило со кое Винстон Черчил бил превезен на погребот. Сакал да биде погребан со звуците на песната „Move Your Feet“, во костум, со розова „чирокеза“. Мислел дека нема да го доживее Божик. На десет години дијагностицирана му е леукемија, но набрзо потоа откриле уште едно ретко заболување на крвта.

gli-restavano-pochi-giorni-di-vita-14-enne-guarisce-dal-cancro-638x425

Докторите се обиделе на Дерин да му пресадат коскена срж, но секоја операција била безуспешна и неговото тело го напаѓале разни инфекции.

Имал дури и заболување кое предизвикува отпорност на лекови поради што бактериите можеле да преживеат во неговиот организам и покрај антибиотиците. На прстите му се појавило некроза, односно изумирање на клетки и живите ткива. После ова, Дерин и неговите родители помислиле дека тоа е навистина крај. Дерин ја прифати сопствената смрт. Се бореше храбро во изминатите четири години и сега само сакал маките да завршат. А потоа се се промени.

Иако мислеше дека нема да го дочека Божик, Божик дојде и пројде, па помина и јануари. Дерин случајно ги искинал завоите, мислел дека прстите му скапале, но тие сите биле „на свое место“.

Никој не може да објасни како Дерин преживеал, сите го поврзуваат неговото оздравување со чудо.

Ова што се случи со Дерин е вистинско чудо и сите се надеваат дека ќе продолжи да живее со полн капацитет и овој лош период ќе го остави зад себе. Дерин порано ја замислувал иднината само за следните неколку часа или неколку дена. За среќа, сега може да ја планира својата иднина, школувањето, кариерата и живот без болести.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1