Новица Јовановиќ, таткото на Ненад (19) кој минатиот понеделник беше убиен во Ниш е уапсен поради заканите дека ќе ги заколе сите тие кои се вмешани во убиството на неговиот син.
Против Јовановиќ е поднесена кривична прјава за загрозување на безбедноста и му бил одреден притвор од 48 часа, а потоа ќе биде пренесен на сослушување.
На погребот на Ненад тој порачал: „Спиј мирно сине мој. Ќе ги заколам сите до еден, па макар и да бидам цел живот во затвор!“
Уапсени се малолетниот И.С. (16) од Ниш за кој се сомнева дека заедно со неговите другари М.Ц. (21), М.С. (17) и А.Ј. (15) го извршиле убиството.
Таткото на убиениот неколку пати упатувал закани и најавувал одмазда за неговиот син.