Осумнаесетгодишниот гимназијалец Семи Чавес, од американската сојузна држава Оклахома, е уапсен под обвинение дека планирал да фрли бомби и да застрела соученици во фискултурната сала на гимназијата во Бартелсвил, истиот ден кога беа убиени 26 лица, од кои повеќето деца, во основното училиште во Њутаун, во државата Конектикат, пренесоа американските медиуми.
Полиција во петокот го уапсила Чавес откако дознала дека претходниот ден се подготувал за заговорот.
Во наредбата за апсење се посочува дека Чавес се обидел да убеди други ученици да му помогнат, односно да повикаат нивни соученици во салата, по што тој планирал да ги затвори вратите и да почне да пука.
Според локалниот весник, Чавес планирал да активира бомби внатре во салата, кога ќе пристигнела полицијата.
12 ДЕВОЈЧИЊА, 8 МОМЧИЊА СИТЕ 1 ОДД – УБИЕНИ ОД БЛИЗУ СО 11 ИСТРЕЛИ СЕКОЕ – (ВИДЕО/ФОТО)
ФОТО/ВИДЕО: OВА СЕ ДЕЧИЊАТА – ЖРТВИ НА МАСАКАРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОНЕТИКАТ
Миа