Уапсен вработен во УЈП во центарот на Скопје – Фатен со поткуп?


Вработен во УЈП фатен со мито пред кафуле во центарот на Скопје. Очевидци за Сител велат дека службеникот кој бил редовен гостин, примил син плик од непознато лице со кое се чекал пред кафулето, јавува Сител.

Полицајците кои за време на целата акција седеле на една од масите реагирале веднаш. Кога пристигна екипата на Сител, увидот беше завршен. Приведениот даночник стоеше пред кафулето со лисици на рацете. Целиот објект беше под засилено полициско обезбедување а пристигна и екипа на Брза Помош.

Од МВР се уште нема официјална потврда на оваа информација.

Повеќе на Сител.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1