Автомобил удри дете во Ѓорче Петров


Деветгодишно дете со повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил во скопската општина Ѓорче Петров.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 14 часот на улица Знеполе кога Б.А.(66) од Скопје со автомобил „цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје.

По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1