Уапсена глумица: Сакала да ги отруе Обама и градоначалникот на Њујорк


Шенон Роџерс од Тексас се јавила во ФБИ и го пријавила својот сопруг дека наводно ги испратил писмата кои ја содржат отровната материја рицин. Припадниците на полицијата упаднале во нејзиниот дом, при што ја испрашувале заедно со нејзиниот сопруг Нејтан.

63796ab759da0fac360586354e28a2deПолицијата подоцна открила дека всушност таа била одговорна за праќањето на отровните писма. Шенон е инаку актерка која има глумено помали улоги во две многу популарни серии „Vampire Diaries“ и ” The Walking Dead“.

Апсењето на актерката се случило само еден ден откако нејзиниот сопруг поднел барање за развод, во кое наведува дека се оженил со погрешна личност. Инаку во испратените отровни писма стоела пораката: „Ќе мора да ме убиете мене и моето семејство пред да дојдете до моето оружје. Ќе биде пукано во секој што ќе се приближи до мојот дом. Она што е во писмото не е ништо во споредба со она што планирам да го направам“.

Писмото упатено до Мајкл Блумберг е откриено во Градската куќа во делот каде се селектира поштата. На писмото имало розева машна која била сомнителна, а после тестовите се покажало дека содржи рицин.

Три дена подоцна, Марк Глејс, директорот на Агенцијата за борба против нелегрално оружје, отворил идентично писмо во својата канцеларија. Штом ја видел сомнителната супстанца ги повикал надлежните, кои подоцна изјавија дека писмото не влијаело на неговото здравје.

Слично заканувачко писмо е испратено и до Обама, но како што изјавија Тајните служби, не стигнало до Белата куќа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1