Уапсено лицето што фрлаше со јајца кон Груевски во Тирана


Албанските медиуми јавија дека полицијата го уапсила лицето кое фрлило јајца врз автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски во Тирана

Уапсен е Таулан Цапа кој изјавил дека тоа го направил бидејќи се негирале правата на Албанците во Македонија. Дел на медиумите во Тирана наведуваат дека Цапа е дебарчанец, односно дека потекнува од Македонија, јавува Нет прес.

Медиумите во Тирана јавуваат из а други инциденти. Новинската агенција Balkanweb, потврди дека на централниот плоштад во Тирана биле запалени македонски знамиња од неидентификувани лица.
Знамињата беа поставени во чест на посетата на македонскиот премие, кој престојуваше во Албанија на покана на албанскиот премиер Сали Бериша.
Македонското министерство за надворешни работи упати остар протест до албанските колеги и побара остра осуда на овие инциденти, а воедно во министерството беше повикан на разговор албанскиот амбасадор во Скопје

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1