Изборните резултати, според излезните анкети, се “историска победа за грчкиот народ, кој со големо мнозинство се противи на штедењето“, изјави претставник на Сириза.
Според истиот извор, резултатот „испраќа силна порака до Европа, дека може да биде почетна точка на промени низ Европа“.
– Сириза ја презема одговорноста за формирање на Влада на социјален спас, за спроведување на Солунската програма и за преговори со Европа, рече претставникот на партијата.