Повеќе непознати лица утрово во Загреб го убиле 57-годишниот пензиониран официр на ХВО Винко Жуљевиќ, потврди заменик државниот обвинител Јурица Илиќ.
Илиќ рекол дека Жуљевиќ е убиен во 7.55 часот во населбата Сесвете.
Напаѓачите го опколиле Жуљевиќ со мотоцикли, и го присилиле да го напушти возилото, по што го убиле, пишуваат хрватските медиуми.
Полицијата интензивно трага по извршителите, а увидот се уште трае.
Постојат сомнежи дека убиството е поврзано со пресметка на загрепското криминално подземје, бидејќи Жуљевиќ последниве години често беше поврзуван со мафијата.