Убиен најсмртоносниот снајперист – убил 160 луѓе


Американскиот снајперист Крис Кајл (38) познат по тоа што убил 150 бунтовници во Ирак, убиен е денеска во едно стрелиште во Тексас.
kris-kajl500Поранешниот припадник на елитните „Фоки“ на американската морнарица, убиен е во Глен Роуз во Тексас, додека му помагал на еден војник кој се опоравувал од пострауматско стресно пореметување, јавија американските медиуми. Тие додаваат дека е убиен и неговиот сосед.
Полицијата поради убиството го уапси Еди Рут, поранешен маринец, кој, како што се верува, исто така страда од пострауматски стрес.
Кајл од 1999 до 2009 година четири пати беше во Ирак и доби повеќе признанија.Тој со потврдени 160 убиства е најефикасниот снајперист во американската воена историја. Отслужил четири ротации во Ирак и за искажаната храброст е одликуван со две Сребрени ѕвезди.
Го напиша бестселерот „Американски снајперист“, во кој наведе дека поради рекордниот број луѓе кои ги убил ирачките бунтовници распишале награда за неговата глава.
По враќањето во САД основал фондација за да им помага на војниците кои се враќаат од боиште да се изборат со пострауматскиот стрес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1