Убиен полицаец во Куманово – Додека интервенирал за семејно насилство!


Полицаец од СВР Куманово е прободен со нож додека интервенирал за семејно насилство во кумановската населба Средорек. Од задобиените повреди полицаецот починал, објави порталот СДК.KUMANOVO_

Убиството се случило пред 23 часот во сабота во семeјство каде било пријавено дека насилник ги малтрeтира домашните. Кога полицаецот влегол во куќата насилникот се нафрлил врз него и го пробол со нож во грбот. Од задобиените повреди полицаецот починал на лице место.

Поради сериозноста на повредата полицаецот починал пред да пристигне екипата за медицинска помош. Увидот е во тек, а напаѓачот е приведен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1