Убиецот на двајцата лихвари од Македонија уапсен во Доминиканска Република


Пораталот Хој од Доминиканската Република објавува дека е уапсен Ѓорѓи Топаловски, извршител на двојно убиство кој беше баран и преку Интерпол.

Порталот соопштува дека Топаловски бил уапсен заедно со уште еден бегалец- 40 годишниот Борис Ворототников од Русија.

Топаловски за да го сокрие својот идентитет користел лажен идентитет и се претставувал како Романец под името Александру Кодрут Марта, соопштуваат медиумите.

Според властите во Доминиканска република, Топаловски се барал во Македонија за да му се суди за неколку убиства вклучувајќи и полицаец. Топаловски имал и трет лажен идентитет, користејќи фалсификуван литвански пасош.

Ѓорѓи Топаловски е осомничен за двојно убиство извршено во ноември 2007 година на булеварот Илинденска во близина на тогашната американска амбасада кога ладнокрво беа егзекутирани Андреј Филип и Новица Благоевиќ, а потоа и прегазени со автомобил. Непосредно по двојното убиство беше пронајден автомобилот цитроен Ц4, но Топаловски исчезна без трага

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1