Државните објекти ќе се продаваат на аукција по електронски пат


Со предложените измени и дополнувања на Законот за продажба на деловни згради и деловни простории на Р.М. усвоени од Владара, се предвидува продажбата на да се врши со јавно наддавање што ќе се спроведува по електронски пат.

– Со измените од Предлог законот се прецизира дека под деловен простор се смета и деловниот простор во сопственост на фондовите, агенциите, дирекциите, јавните преторијатија, јавните установи, независни регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата. Исто така, се пропишува дека предмет на продажба според одредбите од овој закон не е деловниот простор што го користат за вршење на својата дејност фондовите, агенциите, дирекциите, јавните установи, независните регулаторни тела основани од државата, изјави портпаролот на Министерството за транспорт и врски Драган Симоновски.

Според него, со предложените измени се врши усогласување со законите за организација и работа на органите на управата, за процена, за државно правобранителство, за нотаријат…

Постапката опфаќа јавна објава за јавно наддавање која ги содржи сите податоци за наддавањето, а Министерството за транспорт и врски ќе воспостави, управува и оперира со електронскиот систем за јавно наддавање на деловен простор.

Продажбата на деловниот простор, според предлогот, ќе се врши според пазарната вредност што ќе се утврдува со Законот за процена и Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот. Парите од продажбата, ќе се слеваат во државниот буџет.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1