Франција ги протерува илегалците! Меѓу нив најмногу има роми


Голема акција на француската полиција во која за расчистување на ромските кампови и депортирање на илегалните емигранти.

Во дивата ромска населба во близина на Лил каде живеат околу 200 Роми вчера беа распоредени стотици полициски службеници..

Голем број Роми беа приведени само во Лил, а слични акции имало и во другите поголеми градови како Марсеј. Каравани и кампови се растурени и во областа Белвил во центарот на Париз при што уште околу 100 Роми останаа без дом.

Политиката што сега ја следи француската социјалистичка партија беше формулирана од поранешниот конзервативен претседател Никола Саркози кој често беше обвинуван дека прави крајно десничарски потези.

Неговата влада ромските кампови ги поврзуваше со криминал, потенцирајќи дека во големите градови оперираат крадци – бездомни Романци.

Слична акција спроведе и Грција со образложение дека земјата се брани од инвазијата на илегалци.

Саркози кампањата против ромската популација ја започна во летото 2010 година, истакнувајќи го фактот дека во Франција во кампови живеат над 15.000 Роми. Тој дури и понуди помош на романската полиција во персонал од Франција за да се справи со трговијата со луѓе и другиот криминал што Ромите го правеле таму.

Тогаш Ромите го обвинија Саркози за етничко чистење.

 

 

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1