Американскиот стоматолог кој предизвика бес во светската јавност откако ладнокрвно го уби лавот Сесил кој беше гордост и симбол на на Зимбабве, нема кривично да биде гонет ниту пак ќе му биде судено бидејќи има дозвола од тамошните власти за лов, соопштиле официјалните лица кои го водат овој случај.
Американецот Волтер Палмер признал дека го убил лавот Сесил во јули, но отсекогаш негирал дека неговото дело било илегално. Министерот за животна средина на Зимбабве, Опа Мучингуру, изјавил дека против стоматологот нема да биде подигнато обвинение бидејќи неговите документи биле уредну. Тој истакнал дека сега Зимбабве ќе направи ревизија за издавањето на дозволи за лов.
– Се обративме во полицијата и кај јавниот обвинител и оттаму добивме одговор дека Палмер дошол во нашата земја со уредни документи – изјавил Мучингуру.
Палмер бил на мета на демонстрантите кои искажувале гнев кон него и го следеле во чекор бидејќи го убил 13-годишното животнот кое било користено за набљудување и за истражување на универзитетот Оксфорд. Тој притоа бил посебно љубезен кон посетителите на националниот парк Хванг, кој претставува главна атракција во Зимбабве.
55-годишниот Палмер платил 50.000 долари за лов на лавот. Во интервјуто од минатиот месец тој изјавил дека не би го убил овој лав доколку знаел дека толку многу е важен.










