Возачот на мини морисот „кантримен“ со кој беше усмртен 21-годишниот Лука Јовановиќ сака да ја признае вината и да издејствува помала казна. Како што пренесуваат српските медиуми Марко Миличев планира да бара 2,5 или најмногу три години затвор.
Тој ќе се обидел да го избегне судскиот процес и да се обиде да се договори со судиите, пренесуваат блиски извори до осомничениот.
– Миличев утре ќе биде сослушан пред Третото основно обвинителство. Се претпоставува дека тогаш ќе ја искористи приликата да ја соопшти својата намера пред обвинителството. Тој ќе предложи да го признае убитсвото бидејќи сака овој случај да се реши што поскоро, а секако, ќе побара и минимална казна, рекол изворот за српскиот портал Ало.
Миличев вчера го посетил неговиот адвокат, кој најверојатно разговарал со него околу признавањето на вината.
– Марко се уште размислува колкава казна да побара. Свесен е дека на судењето ќе добие поголема казна, поради околносите во овој случај. Поради тоа рече дека најверојатно ќе го признае убиството а за возврат ќе побара 2,5 до 3 години затворска казна, доадл изворот.