Васкрсије Врекиќ, 30-годишниот убиец од Србија која го потресе регионот откако ја уби 23-годишната Марија Кимбал, си го одзел животот во затворската ќелија. Убиството се случи пред две години кога девојката не сакала да му позајми пари на Врекиќ. Тој ја задави со марама околу вратот, а потоа го запали нејзиниот стан.
Убиецот кој шетал со останатите затвореници во дворот се пожалил дека го боли стомакот, па влегол во тоалет. Потоа влегол во ќелијата, го врзал чаршафот околу врат и се обесил. До себе на местото на самоубиството оставил и проштално писмо.
Во писмото пишува дека длабоко се кае за делото кое го направил.