Убиецот на полицаец кај ПМФ се обидел да избега од затвор – пробил 2 бетонски ѕида


Скопјанецот Алмир Дрпљанин (55), осуден на доживотен затвор за убиството на припадник на полициските „алфи “ во 2008 година, имал неуспешен обид за бегство од затворот Дубрава во Kосово, јавуваат тамошните медиуми.

Дрпљанин беше уапсен во Урошевац во јули 2012 година, откога е во затворот во Дубрава, иако се чека на негова екстрадиција во земјава.

ubiec policaec pmf
Според медиумите, убиецот и Kосовецот Бурим Баша, двајцата сместени во павилјонот за затвореници со висок ризик, успеале да пробијат два бетонски ѕида внатре во објектот. Тие застанале кога стигнале до третиот, надворешниот ѕид од павилјонот број осум, каде што се сместени девет опасни криминалци. Kога на Баша, кој издржува затворска казна од 20 години, му станало јасно дека нема да можат да избегаат од затворот самиот се пријавил кај затворските службеници. Тој рекол дека ова го направил за да им покаже на управителите на Дубрава дека може да избега од затворот кога самиот ќе посака. По откривање на обидот за бегство биле суспендирани петмина чувари, осомничени дека им помогнале на затворениците во обидот да избегаат.

Дрпљанин во 2010 година беше осуден во отсуство на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи и ранувањето на двајца негови колеги на паркингот кај ПМФ. Тој се сомничи и за грабежот на 200.000 евра од возило на Kомерцијална банка во ноември 2007 година кај Скопско сајмиште. Тогаш беше убиен обезбедувачот Марјан Бабиќ, а уште двајца вработени во банката беа ранети.

Kосовската полиција го уапси Дрпљанин во стан во Урошевац, во кој биле пронајдени два „калашникова“ со 300 куршуми, една снајперска пушка со 36 куршуми, три пиштоли со 150 куршуми, седум рачни гранати, три црни униформи, шест војнички елеци и големо количество златен накит.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1