Убиецот на Тијана ме нападна, но го истепав – се истражува дали силувал и други жени


Инструкторката по фитнес Наташа Николиќ (35) тврди дека минатото лето на Ада Циганлија во Белград го претепала Драган Ѓуриќ, осомничениот за монструозното убиство на Тијана Јуриќ, кој без никаква причина ја нападнал на плажата.

instruktorka tijana– Бев со другарките на Ада и само што легнав на лежалка кога покрај мене помина висок и крупен дечко и така попат, пе плесна по бутот. Бев вознемирена и шокирана за она што ме снајде. Не можев да верувам. Крвта ми навре во главата и така по автоматизам, без размислување, собрав полна рака песок и го фрлив врз него. Иако го погодив директно во главата, не се ни заврте, само продолжи да оди право – вели Наташа за весникот „Информер“.

Потоа таа потрчала за него и почнала да го тепа со што стигне.

Таа смета дека Ѓуриќ можел со само еден удар да се реши од неа ако сакал да врати.

– Но, не го направи тоа бидејќи е очигледно слабак и кукавица кој има проблем со жените. Уште тогаш, додека прераскажував што ми се случи, реков дека кога-тогаш тој ќе силува или нападне некоја жена. И за жал, бев во право – заклучува Наташа.

Според српските медиуми кои се повикуваат на извори од полицијата се истражува дали се работи всушност за сериски силувач и убиец. Истражните органи се сомневаат во ова поради фактот што Драган не покажува никакви емоции, ниту трунка каење. Бил ладнокрвен дури и кога пред него го откопувале телото на Тијана.

Неговото однесување покажува дека за него ова не преставува ниту шок, ниту се однесува на пример како да не е свестен што се случува. Тој едноставно нема никакви емоции околу убиството. Тоа укажува дека е можно ова да не му е прв случај, иако досега нема пријави од други лица кои драган се обидел да ги нападне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1