Убиецот од Њутаун сакал да го надмине Брејвик по бројот на жртви


Убиецот на 26 лица, меѓу кои 20 деца во училиште во американската сојузна држава Конектикат во декември, Адам Ланза, сакал да убие повеќе луѓе од Норвежанецот Андерс Брејвик, кој уби 77 лица во Осло и на островот Утаја во 2011 година.

adam-lanca-lanza-prezivela-1355756285-242433Според телевизијата Си-Би-Ес, која се повикува на неименувани полициски извори, Ланза се гледал себеси во директно ривалство со Брејвик.

Службеници запознаени со истрагата на пукањето во Њутаун, тврдат дека Ланза за нападот го избрал локалното училиште бидејќи проценил дека тоа е најлесниот начин да ја оствари целат, бидејќи има најмногу луѓе.

Полициски портпарол на Конектикат ги отфрли информациите како неточни шпекулации. – Теоријата на Си-Би-Ес е неоснована. Се уште немаме утврдено мотив. Тоа е неточно, изјави тој.

Во информациите на Си-Би-Ес не се посочува како истражителите дознале за желбата на Ланза да се натпреварува со Брејвик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1