Еден од напаѓачите во вчерашниот инцидентот во Охрид е приведен, а полицијата се уште трага по убиецот, за кој неофицијлално се говори дека е 30-годишниот охриѓанец Б.П.
Како што објави „Охрид нет“, охриѓанецот кој се сомничи дека е сторител на двојното убиство неодамна излегол од холандски затвор каде издржувал казна затвор за трговија со дрога.
Тој вчера по претходна расправија со пиштол ги усмрти 56-годишниот сопственик на угостителскиот објект „Император“ Васил Р. и 38-годишниот Ромео Ѓ., двајцата од Охрид.