Кашимир Исовски (33) и неговата партнерка Ѓулџан Исовска (27) се лицата чии тела со денови биле во мотелот „Пржо“ во Битола. Според одредени македонски медиуми станува збор за убиство и самоубиство, но полицијата се уште не ги открива деталите за причините на нивната смрт.
Како што соопшти денеска МВР, двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација.
Според соседите двајцата живееле во истото маало и одамна биле заедно. Имале велат четири деца, две машки и две женски. Најстарото девојче е на возраст од 10 години. Кашмир почнал со дрога па жената го оставила. Според информациите, тој бил сторител на повеќе кривични дела меѓу кои и такви поврзани со дрога. И тој и 27 годишната И.Ѓ. биле од ромска националност. Потекнувале од битолската населба Караорман, за која битолчани велат дека е вистинско „нарко гето“.
Ѓулчен неодамна се вратила од Германија ,живеела со мајката но повторно почнала да се состанув со Кашмир.
На 24 октомври изнајмиле соба во мотелот – по 10 дена откако никој не излегол од собата, вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата.