Во училишниот двор на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје вчера околу 09.45 часот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу две групи на ученици.
Од една страна биле тројца малолетници од Скопје и еден малолетник од Гостивар, додека од друга страна биле четири малолетни лица од скопското село Батинци.
Во тепачката, соопшти денеска МВР, малолетниците си размениле по неколу удари со тупаници и клоци, а во еден момент лице од втората група извадило нож и четири пати во пределот на главата со сечивото удрил ученик од првата група при што му нанел видлива телесна повреда.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.