Во скопскиот Ургентен центар вчера било донесено повредено седумгодишно дете од село Кучевиште, ученик во ОУ„Климент Охридски“ во населба Бутел.
Детето било повредено од стакло во стомакот. Од извршениот разговор со директорот и хигиеничарка во училиштето е утврдено дека детето со трчање поминало низ стаклена преграда и се здобило со ресекотини по телото.