Против Фудбалскиот сојуз на Србија е покрената постапка поради палење и фрлање пиротехника, немири на трибините, влез на навивачите на терен, лоша организација и користење ласери. Најтешкиот прекршок е влезот на навивачите на теренот и физичката пресметка со дел од играчите на Албанија.
Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе мора да одговара за одбивање да го продолжи мечот и истакнување забранети пароли со политичка конотација. . Случајот во кој ќе учествуваат дури три комисии ќе биде разгледан на 22 октомври, еден ден подоцна се очекува УЕФА да ги обелодени казните за двете фудбалски асоцијации.