УЕФА: Само за одбивање да се игра натпревар се казнува со службен резултат


УЕФА отвори дисциплинска постапка против фудбалските сојузи на Србија и Албанија и според најавените обвиненија единствено службен резултат  следува одбивањето да се продолжи мечот што значи дека Србија би го добила мечот со службени 3-0.Mitrovic of Serbia grabs an Albanian flag that was flown over the pitch during their Euro 2016 Group I qualifying soccer match against Albania at the FK Partizan stadium in Belgrade

Против Фудбалскиот сојуз на Србија е покрената постапка поради палење и фрлање пиротехника, немири на трибините, влез на навивачите на терен, лоша организација и користење ласери. Најтешкиот прекршок е  влезот на навивачите на теренот и физичката пресметка со дел од играчите на Албанија.

Фудбалскиот сојуз на Албанија ќе мора да одговара за одбивање да го продолжи мечот и истакнување забранети пароли со политичка конотација. . Случајот во кој ќе учествуваат дури три комисии ќе биде разгледан на 22 октомври, еден ден подоцна се очекува УЕФА да ги обелодени казните за двете фудбалски асоцијации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1