УХМР најави крај за високите температури


Супер високите температури кои преовладуваа во првите денови на септември од денеска се минато. Така велат од Хидрометеоролошкиот завод. Според нив, нискиот атмосферски притисок кој ќе циркулираа над Балканскиот Полуостров ќе ги намали температурите за 12 степени, а од четврток се очекува и дожд.toplo-vreme

По овој датум температурите ќе паднат до 21 степен, но повторно ќе се кренат за 3-4 степени, иако нема да надминат 30 степени.

Од УХМР велат дека вакви високи температури во текот на септември биле регистрирани во 1946 година, кога во Демир Капија термометарот достигнал до 40,5 степени, а слична температура во тој град е измерена и вчера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1