УХМР најавува драстична промена на времето


Променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд, особено во западните и северните делови, а на повисоките планини слаб снег.

Ќе дува слаб повремено умерен северозападен ветер, кој ќе биде повеќе изразен во ноќните часови. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Во Скопје температура до 14 степени.

Утре претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалуваат. В недела и во понеделник сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1