УХМР од утре најавува нов температурен шок


Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието со повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 18 до 27 степени.oblaci mk2 (2)

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до шест, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температура на воздухот, особено сабота. Доста топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне 30 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1