УХМР со вонредна временска најава


До вторник нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а на југоисток ќе достигне до 40° С.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Утре и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја.

Од вторник се очекува промена на временската состојба, кога во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1