Верската градинка „Пчела“ е под лупата на државните институции


Инспекција од труд и социјала влезе во градинската Пчела во скопски Чаир, во која дечињата од најрана возраст верски ги индоктринираат за исламот. По видео објавите на социјалните мрежи каде што се гледа како група од 20тина деца на возраст од 6 до 11 години со две наставнички биле затекнати во приватна куќа како прават верски обреди, поклоненија и други верски молитви, вознемирени граѓани пријавиле во труд и социјала. Тие сведоачт дека секој работен ден од 11 до 15-16 часот слушале како децата кажуваат на глас молитви. Од инспекцијата е утврдено дека истата работи без соодветно решение за работа на предучилишна установа за деца.

„И децата и наставничките потврдија дека тука се одржува настава со верски обреди (молитви, поклоненија и учење на верски книги) од 11-16 часот секој работен ден. По барање на инспекторот од Државниот инспекторат за труд, за увид во документацијата за работа на објектот, било кажано дека целокупната документација ја поседува сопственикот на хуманитарното здружение „Мустафа Паша“, кој е турски државјанин. Исто така, од кажување на присутната наставничка, оваа хуманитарна организација имала повеќе објекти со ист воспитно-образовен карактер, но истата не знаела каде се наоѓаат“ , стои во соопштението од МТСП.

Во интерес на безбедността на децата кои незаконски се згрижуваат во т.н хуманитарна организација од Министерството за труд најавија дека ќе побараат од МВР и МОН во рамки на своите ингеренции да ја испитаат оправданоста, карактерот, целите и намерите на оваа организација. Но до сега во бирото за јавна безбедност не е пристигнато никакво барање велат од МВР. Ќе постапуваат кога ќе им стигне барањето. Од МОН пак информираат дека надлежни за изработка на програмте на градинките се од Бирото за развој на образование.

„Од страна на вработените во бирото за развој на образованието не е изработена програма за настава во предучилишна возраст за таа градинка ниту за таков тип на настава. Државниот просветен инспекторат во понеделник ќе изврши инспекциска контрола во оваа установа. “

Од фотографиите, се гледа дека во градинката „Пчела“ девојчиња се забулени со шамии, според исламските верски правила. Други деца пак се облечени во маици со национални албански симболи . Откако медиумите го окрија скандалот, градинката Пчела веднаш ги избриша сите слики и видеа и ја затвори официјалната страна на установата која беше регистрирана на социјалните мрежи.

Согласно членот 12 од Законот за заштита на децата се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување. Глоба од најмалку 1000 евра се предвидува доколку се утврди ваков прекршок во детска градинка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1