УЈП удри по учесниците на саемот за мебел во Скопје – летаат казни


Инспекторите на Управата за јавни приходи им „зедоа мерка“ и на учесниците на Саемот за мебел. Во контролите кои деновиве беа направени на оваа саемска манифестација, која годинава е распространета низ 10 саемски хали, со над 400 домашни и странски изложувачи, биле казнети неколку изложувачи кои, како што велат од УЈП, не поседувале фискални апарати ниту, пак, издавале фактури за продадените производи.

“Кај што е изгор скапо учеството на Саемот, сега и инспекторите ни дојдоа во контрола. Плаќаме за штандот, за рефлекторите што го осветлуваат, за учество во саемскиот водич, а сега и за казни за УЈП“, се пожалија неколку учесници на годинашниот Саем за мебел.stan pari kukja

Тие сметаат дека барем на вакви манифестации треба да бидат поштедени од вакви контроли, со оглед на тоа дека саемите се претежно промотивни манифестации, каде што посетителите доаѓаат да се информираат за новитетите кои можат да ги видат на едно место.

Од Управата за јавни приходи ни потврдија дека нивни инспектори извршиле контрола на учесниците на саемската манифестација, но додаваат дека не е првпат такво нешто да се спроведува на саеми и на панаѓури.

„Кај нас саемските манифестации не се само изложбени како што е тоа вообичаено во светот. Но, кога веќе се одлучиле да продаваат, учесниците тоа мора да го прават или со издавање фактура или да поседуваат фискални апарати“, велат во УЈП.

И од Скопски саем ги потврдија контролите на УЈП, но велат дека тие се редовни и се спроведуваат со години. Од таму не сметаат дека тоа го попречува учеството на саемите.

Инаку, Саемот за мебел годинава се одржува по 41. пат и завршува в недела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1