Богатите родители на копилотот шокирани: Дошле да го преземат телото, полицијата ги одвела на сослушување


Лубиц е богато семејство, чиј дом во Монтабаур вреди половина милион евра.

Неговиот татко е успешен бизнисмен, а неговата мајка е професорка по клавир. Родителите на копилотот Андреас Лубиц, кој е осомничен дека намерно ја предизвикал смртта на 150 лица, дознале за неговата улога во несреќата кратко пред истражните органи да ја објават таа информација пред целиот свет.

Според изјавите на сведоците, веста ги шокирала.kopilotott

Кога истражителите ги довеле на местото на несреќата, ги одвоиле од другите роднини на настраданите и ги предале на полицијата на испрашување. Истражителите засега веруваат дека трагичната несреќа ја предизвикал Лубиц, кој го искористил моментот кога капетанот излегол од пилотската кабина за да оди во тоалет, се заклучил во кокпитот и потоа го насочил авионот во сигурна смрт за него и патниците.

На страшните снимки од црната кутија може да се слушне капетанот како удира по вратата на пилотската кабина и го моли Лубик да го пушти внатре. Лубиц, од другата страна на вратата, молчел цело време додека авионот се спуштал.

Според истите снимки, може да се заклучи дека патниците не биле свесни за опасноста во која се наоѓаат, сè до последниот момент на летот, кога можеле да слушнат врисоци.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1