German Wings нуди 50.000 евра помош на семејствата на загинатите


Германската нискобуџетна авионска компанија Џерман Вингс, чиј авион се сруши во вторникот со 150 патници и членови на екипажот, на семејствата на жртвите им нуди по 50.000 евра, како нивна помош, изјави портпаролот на оваа фирма.

Таа прва парична помош не спаѓа во оштетата која компанијата е должна да ја исплати на семејствата на жртвите и ни во ниеден случај не треба да ги враќаат назад, изјави портпароот на Џерман Вингс, потврдувајќи ја информацијата која претходно само се шпекулираше.avionot-erbas500

Адвокатото специјализиран за спорови во воздушниот сообраќај Холгер Хоопердитцел за берлинскиот весник изјави како Луфтханза на семејствата на починатите ќе мора да испалти сума помеѓу неколку десетици илјади и неколку стотина илјади евра по жртва, веднаш по нивното предавање на барања за оштета.

Сумата на пари во случај на авионска несреќа мораат да ја исплатат авионските компании и е договорена со конвенцијата на Монтреал 1999 год, а горниот лимит е 143.000 евра по жртва.

Професорот за авионско право од Универзитетот во Берлин Елмар Гиемула изјавил дека управата на Луфтханза требала да очекува барања за оштета која по жртва ќе изнесува меѓу 10 и 30 милиони евра.

Стручњаците за осигурување велат дека фактот што копилотот на авионот ја предизвикал несреќата намерно, ништо не менува кога се работи за исплата на оштета за човечки животи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1