Наскоро нема да мораме да плаќаме струја? Научниците го остварија најголемиот сон на Тесла


Сонот станува јаве: Остварен е безжичен пренос на 10 киловати струја на 500 метри.

По несреќниот крај на експериментот со Варденклиф кулата, со која наводно се обидел безжично да ја пренесе електрична енергија за неколку десетици километри, во свое време Никола Тесла изјавил дека “светот уште стотина години нема да биде подготвен за оваа технологија”.TESLA18WEEK2FULLBRIGHT3000_thumb

Но, повеќе од сто години по експериментот на Тесла за пренос на електрична енергија на долги растојанија, Јапонците постигнаа завиден резултат.

Еден од најголемите проекти на Никола Тесла беше идејата за “слободна енергија”, т.е. систем кој ќе им овозможи во рамките на кругот секој безжично да ги напојува уредите во домот, машини, електрични автомобили, бродови и авиони.

Тимот на научници и инженери од јапонската компанија Мицубиши хеви индустрис (MHI), очигледно добро се запознале со проектот на Тесла и сто години од денот на завршувањето на изградбата на кулата ја објави веста дека е монтиран безжичен пренос на 10 киловати електрична енергија на растојание од 500 метри со помош на микробранови, пренесува порталот Херцеговина инфо.tesla1

Со ова се овозможува на оваа далечина со безжичен пренос на електрична енергија да бидат запалени LED светсла, според MHI ова е одлична работа затоа што никој не успеал (освен Тесла).

Сепак, јапонската компанија не е заинтересирана со оваа технологија да дистрибуира електрична енергија од конвенционалните електрична мрежа, идејата на научниците е многу повеќе далекусежни.

Поточно, MHI најави дека оваа демонстрација беше изведена во соработка со Јапонската вселенска програма поддржан од страна на јапонската Министерството за економија.Проект има за цел еден ден електричната енергија која ќе се собере и да го претворите и да се конвертира кон колекторите на сателити во вселената од кааде соларната енергија, безжично се пренесува на Земјата, со што се гарантира слободна и здрава енергија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1