Лотарија ги однесе во смрт децата во авионот


Пријателите на настраданите ученици кои се враќале од Шпанија за Дејли мејл проговорија за пораките кои им пристигнале пред падот на авионот на „Џерманвингс“.

-Влеговме во авионот, не можеме да дочекаме да дојдеме дома, ви купивме подароци, стои во една од последните пораки испратени од авионот на „Ербас“ кој во вторникот се сруши во француските Алпи.deca zrtvi german

Меѓу настраданите ученици била и 16 годишната Елена Блес, чија другарка Филипа наведува дека не отпатувала во Барселона бидејќи не била извлечена на “лотарија“.

Таа наведува дека за овој патување биле заинтересирани 40 ученици, но имало место само за 16.

-Ни кажаа дека училиштето се затвора поради сериозен инцидент. Не знаевме за што станува збор, а кога излегов од училиштето ги видов уплаканите луѓе кои ми кажаа дека авионот паднал, но не им поверував. Се надевав дека се во ова е само ноќна мора – изјави Филипа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1